Граѓаните ќе можат селективно да го фрлаат ѓубрето, во посебни контејнери за секој тип отпад. Потоа да се намалат дивите депонии и да се продолжи нивниот животен век, како и рециклирање на над 60 отсто од амбалажниот материјал и негово енергетско искористување, е целта на Пакомак. Тоа е непрофитна компанија чија основна дејност е прибирање, селектирање, транспорт и рециклирање на амбалажниот отпад што неодамна ја формираа 11 водечки фирми во Македонија. Најголемиот проблем со кој се соочува Пакомак, се малите рециклирачки капацитети во Македонија, но од друга страна поради овој факт тие се присилени да го извезуваат рециклираниот отпад во соседните земји, а со тоа се зголемува извозот.
Граѓаните ќе можат селективно да го фрлаат ѓубрето, во посебни контејнери за секој тип отпад.
Потоа да се намалат дивите депонии и да се продолжи нивниот животен век, како и рециклирање на над 60 отсто од амбалажниот материјал и негово енергетско искористување, е целта на Пакомак. Тоа е непрофитна компанија чија основна дејност е прибирање, селектирање, транспорт и рециклирање на амбалажниот отпад што неодамна ја формираа 11 водечки фирми во Македонија. Најголемиот проблем со кој се соочува Пакомак, се малите рециклирачки капацитети во Македонија, но од друга страна поради овој факт тие се присилени да го извезуваат рециклираниот отпад во соседните земји, а со тоа се зголемува извозот.
- Со реализација на овие активности ќе се развие цела индустрија, ќе се отворат нови работни места, ќе се развијат нови технологии и воедно ќе се создаде можност за остварување девизен прилив преку извоз на рециклираниот отпад - рече директорот на "Пакомак", Филип Ивановски.
Тој најави дека наскоро компанијата треба да почне заеднички проекти со општините - сопственици на комуналните претпријатија. Идејата на овие проекти е да им се овозможи на граѓаните селективно фрлање на отпадот во посебни контејнери за секој тип ѓубре. Во општините каде што има такви контејнери бројот ќе се зголеми, а таму каде нема ќе бидат набавени.
Според Ивановски, денес од 100 тони амбалажен отпад околу 95 до 98 тони завршуваат на депонија, а само незначителни пет проценти се селектира и рециклира во материјали за повторна употреба. Депониите се преполни, се создаваат диви ѓубришта, а со нивното уништување се нарушува животната средина.
Според Ивановски, за Пакомак е најбитна еколошката димензија. Тој напомена дека со рециклиран еден тон хартија се заштедуваат 17 просечно големи дрвја, еден рециклиран тон пластика значи заштеда на 600 до 900 литри нафта од која се добива ПЕТ-амбалажа за шишиња, а се штеди и еден тон јаглерод диоксид чија штетна емисија оди во атмосферата.
Пакомак е формирана од водечките производствени компании Пивара Скопје, Прилепска пиварница, Витаминка, Пелистерка, Кожувчанка, Магрони, Кодинг, Вивакс, Благој Ѓорев и винарските визби Тиквеш и Стоби.
Компанијата Пакомак е прва во Македонија која од Министерството за животна средина и просторно планирање доби дозвола за селекција и преработка на отпадот од амбалажи.